Курсеви
Бесплатни курсеви по програмирање и математика за млади ученици.
Како да се запишеш
Треба бесплатна ученичка сметка за да аплицираш за курс. Еве како:
Дали треба сметка за да аплицирам?
Да. Апликацијата за курс бара бесплатна ученичка сметка — отвора се за неколку минути.
Чекор по чекор, како да се запишам?
1) Регистрирај се бесплатно, 2) потврди ја е-поштата преку линкот што ќе ти стигне, 3) најави се, 4) пополни го профилот (училиште, општина, одделение), 5) аплицирај за отворена група од курс, 6) почекај одобрување од нашиот тим.
Веднаш ли сум запишан/а откако ќе аплицирам?
Не автоматски — тимот го прегледува секое пријавување и те известува дали е прифатено.
Курсевите се навистина бесплатни?
Да, целосно. Здружението работи само од донации.

Математика за основно образование — IV–IX одделение и подготовки до државен натпревар
Систематска настава по математика за ученици од IV до IX одделение, со градење цврсти основи, развој на логичко размислување и подготовка за математички натпревари до државно ниво.
Дознај повеќе
Напредна олимписка математика — средношколци
Интензивен курс за средношколци насочен кон напредни олимписки техники, математички докази и комплексни проблеми на високо натпреварувачко ниво.
Дознај повеќе
Напредно програмирање и алгоритми за натпревари
Напреден C++ курс за ученици кои сакаат да ги усовршат алгоритмите, структурите на податоци и стратегиите потребни за успешно натпреварувачко програмирање..
Дознај повеќе
Олимписка математика — основнци
Напреден курс за млади математичари насочен кон олимписко размислување, креативно решавање проблеми и подготовка до ниво на JMMO.
Дознај повеќе
Основно програмирање за почетници
Курс за млади програмери што ги опфаќа основите на C++, алгоритамското размислување и постепена подготовка за програмерски натпревари.
Дознај повеќе
Подготовки за потенцијални олимпијци по информатика
Елитна програма за искусни натпреварувачи кои се кандидати за националниот тим по информатика, со напредни алгоритми, структури на податоци и олимписки задачи.
Дознај повеќе