Здружението кое ги потпомага талентирани ученици, „Бистри умови“, информира дека од ноември ќе започне со бесплатни онлајн курсеви по математика, односно информатика и програмирање за почетнци.
Предавањата ќе се одржуваат за време на викендите, а се наменети за ученици од четврто до деветто одделение, со посебна програма за секое одделение.
„За часовите по програмирање нема одредена возраст и истите може да ги посетуваат сите кои имаат желба да се запознаат со програмирањето и да научат како да програмираат. Одреден број на ученици нема, бидејќи часовите ќе бидат достапни за сите преку линк кој ќе биде дополнително објавен на веб страната на Бистри умови, на Linkedin, и Facebook“,
„Мислата на членовите на ‘Бистри умови’ е чиста, а целта е јасна – македонските ученици заслужуваат да добијат помош, знаење и надоградување, бидејќи имаме доста талентирани ученици на кои им фали само малку за да си го претстават својот талент“