ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Граѓаните се здружени во Здружението за подршка на талентирани ученици и млади на С.Македонија поради остварување на поширок интерес, а како посебни цели и задачи се:

  • Да го унапредува стручното знаење на членовите преку стручни собири, предавања и дискусии на одредена тема.
  • Да врши едукативни дејности преку организирање семинари, курсеви, симпозиуми, обуки и издавање на стручни публикации.
  • Да помага и организира подготовки на натпревари во областа на природните науки.
  • Да организира школи и кампови.
  • Да соработува и одржува контакти со сродни сојузи и друштва во нашата земја и странство.
  • Да ги ангажира членовите на здружението како соработници во различни институции и тимови за извршување одредени задачи на делување во областа со која се бави Здружението.
  • Да соработува со владини институции, стопански организации и други здруженија во спроведување на целите и задачите на здружението.
  • Да ги брани правата и интересите на своите членови и да се залага за решавање на нивните проблеми.