Летен камп по информатика

Овој камп се оддржа од 7. до 12 август 2023 год. во Хотел Брана Градче. На него учествуваа најуспешните 8 натпреварувачи по информатика (јуниори и сениори) во учебната 2022/2023.

Им благодариме на нашите спонзори кои го овозможија овој настан. Кампот свечено го отвори градоначалникот на општина Кочани Љупчо Папазов, кој воедно е и еден од донаторите.

На учениците им се обрати и Валентин Ѓорѓиоски, кој е поранешен натпреварувач по математика и информатика, како и еден од нашите доброволци-ментори.

Материјалите за самостојно учење се наоѓаат во оваа папка.

[ngg src=”galleries” ids=”2″ display=”basic_thumbnail” thumbnail_crop=”0″]Повеќе детаљи можете да најдете подолу.

Организатори

Д-р Миле Јованов – факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
Д-р Емил Станков  – факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
Владислав Бидиков

Предавачи

Мартин Динев
Петар Ковачовски

Ученици

Марко Петров
Иван Занов
Дамјан Давков
Благој С. Рујаноски
Владимир Грчев
Никола Стојковски
Андрија Младеновиќ
Виктор Максимоски

Теми

На кампот беа дискутирани задачи од претходни натпревари. Во утринските часови учесниците ги анализираа и решаваа задачаите „на хартија“, а во попладневната сесија ги имплементираа решенијата.