Во знак на почитување на заложбите на Здружението „Бистри умови“ за поттикнување и поддршка на девојчињата во изучувањето на информатиката, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денес ни врачи Благодарница.
– Сакаме да ја изразиме нашата благодарност што ги поттикнувате и ги поддржувате девојчињата во изучувањето на информатиката. Тоа е област во која девојчињата и жените се помалку застапени, па наша задача е да придонесеме таа да е што подостапна и за нив – истакна градоначалникот Папазов.
– Факт е дека бројот на заинтересираните ученички за информатика е многу мал. Како илустрација, во бесплатните онлајн курсеви по информатика што лани ги организираше „Бистри умови“, речиси и да немаше девојчиња. Се надевам дека заеднички со Општина Кочани ќе успееме да најдеме форми за препознавање на нивните интереси и способности, како и мотивација за изучување на информатиката – рече Атанасова Грчев.
Според најавите на градоначалникот, во Буџетот на Општина Кочани за идната година преку Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите ќе се планираат финансиски средства за стипендирање ученички