На 23 октомври 2024 година, претседателката на „Бистри Умови“, Анита Атанасова-Грчев, даде интервју за „Мотика“ со наслов „Како со мајчинската упорност се обезбедија бесплатни курсеви за талентирани деца од Македонија“.
Клучни моменти:
- „Што ве инспирираше да ја започнете оваа организација? Мојот син беше најголемата инспирација за да се основа Бистри Умови. Тој веќе неколку години е во тимовите кои ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена по информатика, па како родител на талентирано дете, јас најдобро знам што и колку е потребно за едно дете кое има талент да може да чекори по патот на успехот. За жал, ние живееме во таква средина, каде што сѐ уште нема препознавање на талентираните ученици, па родителите ако имаат услови ќе се снаоѓаат сами, ако не — детето ќе остане само со прекарот „талентирано дете“.“
- „Можете ли да ни кажете за мисијата и визијата на Бистри Умови? Нашата мисија е да ја инспирираме, негуваме и јакнеме следната генерација иноватори, мислители и лидери во Македонија. Со поттикнување на културата на љубопитност, креативност и соработка, имаме за цел да обезбедиме можности за образование, менторство и личен раст. Ние се стремиме да ги поврземе бистрите умови со ресурси и платформи за да го отклучиме нивниот целосен потенцијал, поттикнувајќи позитивни промени за нивните заедници и светот.“
Повеќе детали и целото интервју можете да го погледнете тука: линк.