Со гордост и неизмерна радост ја споделуваме веста што ни ги исполнува срцата!
Нашиот Владимир Грчев – момчето поради кое и беше создадено здружението „БИСТРИ УМОВИ“ – освои европски ЗЛАТЕН медал по информатика!
Во исто време, гордо објавуваме дека Марко Кренков освои БРОНЗЕН медал, крунисувајќи го тимскиот успех со уште една сјајна награда.
Владимир својот сон го претвори во реалност – сон што го сонуваше уште од мал, а денес го живее со злато околу вратот.
Овој успех, заедно со бронзата на Марко, е доказ дека трудот, истрајноста и љубовта кон знаењето секогаш се исплатуваат. Тие се патоказ за сите деца кои сонуваат еден ден да застанат на големата сцена со медал околу вратот.
Ништо не е невозможно кога веруваш во себе и кога имаш поддршка!
Токму овие постигнувања ни даваат уште поголема сила и мотивација да продолжиме да им помагаме на сите деца од Македонија.
„БИСТРИ УМОВИ“ постои за сите деца. Затоа и понатаму ќе бидеме нивна најсилна поддршка, а со бесплатните курсеви по трет пат ќе продолжиме во месец Ноември.
Ние веруваме дека секое дете има потенцијал за големина.
Нашата мисија е да им помогнеме да го откријат – и да блеснат!