Еднонеделен летен камп за Информатичари

Бесплатен летен камп за младите Информатичари кои ќе ја претставуваат Македонија на претстојните Интернационални Олимпијади по Информатика

Летниот камп започна од 1 јули 2024 год. во Ресорт Магнолија, на Пониква, каде што учениците една недела ќе се подготвуваат за претстојните Интернационални Олимпијади по Информатика.
Кампот е во организација на Здружение на Информатичари на Македонија, а подржан од Бистри Умови, Општина Кочани и неколку општествено одговорни компании.
Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов свечено ги поздрави учениците, на денот на отпочнувањето на истиот.