Трет по ред бесплатен камп на Пониква, Кочани

Од 19 – 24 август 2025 година, на Пониква – Кочани, го одржавме третиот последователен, бесплатен камп по информатика. На кампот учествуваат најдобрите 10 натпреварувачи, кои се дел од националните тимови, кои ја претставуваат Македонија на интернационалните натпревари. На кампот натпреварувачите интензивно се припремаа за престојните интернационални олимпијади по информатика.

Кампот се одржа со поддршка од В.Д. Градоначалник Венко Крстевски од Кочани.