ЕЈОИ 2024 – Три бронзени медали за нашите млади информатичари!
Со гордост објавуваме дека Владимир Грчев, Никола Стојковски и Марко Кренков освоија бронзени медали на Европската јуниорска олимпијада по информатика (EJOI) 2024, одржана во Кишинев, Молдавија од 16-22 август.
Тројцата медалисти претходно учествуваа на подготвителен тренинг-камп организиран делумно од нашето здружение, во партнерство со Здружение на Информатичари на Македонија (ЗИМ), што значајно придонесе за нивната подготовка и успех.
Исто така, честитки и за Бисера Илиева – Скопје, која имаше забележителен настам и силно придонесе за тимскиот дух и искуство на натпреварот.
Бронзени медалисти:
- Владимир Грчев – Кочани
- Никола Стојковски – Скопје
- Марко Кренков – Струмица
Тимски лидери: Владислав Бидиков и Иван Занов